Παρασκευή 25 Ιανουαρίου 2019

Шест од десет Грци против Преспански договор


Шест од десет Грци против Преспански договор January 24, 2019      Шест од 10 Грци се противат на договорот од Преспа, велат резултатите од најновата анкета спроведена од агенцијата „Пулс“ во име на Скај, која покажува дека конзервативната Нова демократија има значително водство над левичарската СИРИЗА. Вкупно 62 проценти од анкетираните 1.325 испитаници во анкетата спроведена по телефон одговорија дека веруваат оти договорот за името е „веројатно лош“ или „дефинитивно лош“. За 72 проценти од испитаниците, пак, распадот на владината коалиција претходно овој месец беше планиран од двата владини партнера СИРИЗА и Независни Грци. Анкетата покажа дека Нова демократија има водство од 10,5 процентни поени над СИРИЗА, при што 33 отсто велат дека ќе ги поддржат конзервативците ако сега се одржат општи избори во споредба со 22,5 проценти за левичарската владина партија. Неонацистичката Златна зора е на третото место со 8 отсто поддршка, а следуваат центристичкото Движење за промени со 6,5 отсто и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) со 5,5 отсто. Независни Грци (АНЕЛ), чиј лидер Панос Каменос се повлече од Владата претходно овој месец поради противење на договорот со Преспа, може да смета само на 1 отсто од гласовите, значително под трите проценти потребни за влез во Парламентот. Центристичката Потами, која остана без парламентарна група поради поделби околу договорот, исто така привлекува само 1 процент од анкетираните.  

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου

Ζήτω η 25η Μαρτίου

  Χρόνια πολλά Ελλάδα  Χρόνια πολλά Έλληνες