НИТУ ДОМА НЕ МОЖАТ ДА СЕ СПРАВАТ СО ЗЛАТНОЗОРЦИТЕ
Грците се скараа за името на Македонија
Заменикот на Аврамопулос, Костас Циарас, одговарајќи на пратенички прашања, уште еднаш потврди дека Атина не отстапува од име со географска одредница за севкупна употреба, но не одговори конкретно на прашањето на пратеникот од Златна зора, Христос Папас, што разговарале на последната средба со медијаторот Метју Нимиц и дали грчките власти ќе дозволат евентуалниот компромис да го содржи името Македонија
Грција е децидна дека инсистира на универзално решение и целосно спроведување на прашањето за името на Република Македонија, без сиви, нецелосно дефинирани области кои би довеле до понатамошни судири. Заменикот на Аврамопулос, Костас Циарас, одговарајќи на пратенички прашања, уште еднаш потврди дека Атина не отстапува од име со географска одредница за севкупна употреба, но не одговори конкретно на прашањето на пратеникот од Златна зора, Христос Папас што разговарале на последната средба со медијаторот Метју Нимиц и дали грчките власти ќе дозволат евентуалниот компромис да го содржи името Македонија? Папас искоментира дека тоа би било "срамен компромис" за неговата земја, пренесуваат грчките медиуми.
- Ќе прифати ли меморандумската влада, било какво име што ќе го содржи терминот Македонија? Овде одговараме со едно "да" или со едно "не", вели пратеникот на неонацистичката Златна зора, Христос Папас.
Циарас само одговори дека средбата со Нимиц била во конструктивен дух, но дека нема да дозволи да протечат информации кои би можеле да создадат лажни впечатоци.
- Едно име, една употреба ерга омнес, односно кон сите, кое ќе прави јасна разлика меѓу соседната земја и грчката Македонија. Би сакал да ве потсетам колега, на доверливиот и високочувствителен карактер на разговорите, за чија содржина Грција јасно дека се има обврзано и секако дека никој не може да открие ништо повеќе од тоа што самиот г. Нимиц го кажа, рече заменикот-министер за надворешни работи на Грција, Костас Циарас.
Во негов стил, тврдејќи дека Македонија е една и грчка, задолжениот за надворешната политика на Златна зора, Папас жестоко го искритикува заменикот на Аврамопулос. Глув на објаснувањата од Циарас дека актуелната влада прави се за да се заштитат грчките национални интереси, Костас Папас ги обвини грчките власти дека се пазарат со името "Македонија" и го повика Циарас јавно, на плоштадот Аристотел да признае дека властите прифатиле да го дадат "нивното име на Македонија". (В.С.)
Кери: Македонија е во пат-позиција во спорот за името
На Балканот има голем напредок, но сепак Македонија останува во пат-позиција околу спорот за името и Америка треба да продолжи да ги води процесите за членство на балканските земји во Европската унија, потенцираше сенаторката Џин Шахин во своето прашање до сенаторот Џон Кери, кој е номиниран за нов државен секретар на САД од претседателот Барак Обама. Кери, кој сведочеше пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат само кусо одговори дека ќе работи на приближувањето на Балканот во Унијата.
Позитивни сигнали испрати и државниот министер во германското Министерство за надворешни работи и член на Бундестагот, Корнелиа Пипер, која во Берлин изјави дека ја гледа Македонија како идна членка на ЕУ и смета дека земјава има добри предуслови за тоа.
- Со право министерот за надворешни работи на Германија, Гидо Вестервеле секогаш кога се во прашање европските интеграции се залага за транспарентност и вели дека и покрај нерешените конфликти, како на пример меѓу Македонија и Грција, и натаму треба да се залагаме за поголема Европа, за интеграцијата на новите членки, рече Пипер, пренесува Дојче веле.
Ахмети: За Албанците е прифатливо секое име со мултиетнички карактер
За Албанците во Македонија е прифатливо секое име што го одразува мултиетничкиот карактер на државата, изјави вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети на конференција во Виена. Ахмети нагласи и дека Македонија треба да остане на патот на евроатлантските интеграции, пренесе агенцијата ИНА.
Лидерот на ДУИ учествува на конференцијата Западен Балкан и Европската интеграција, изгледите на Македонија".

Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου