Κυριακή 17 Ιουνίου 2012

Големи шумски пожари избија во близина на Атина



Силни шумски пожари се гаснат во југо-источниот дел на Атина вечерта кон недела, кога ќе се одржат решавачките парламентарни избори во земјата.

Вршителот на должноста премиер Панајотис Пикраменос вечерта ја минува во оперативниот центар на противпожарната служба на грчката престолнина Атина и ја следи борбата со огнената стихија, пренесуваат атинските медиуми.

Огнот им се заканува на неколку села во областа Кератеа, 40 километри од Атина. Засега ниедна куќа посериозно не е оштетена, меѓутоа целосно изгореле 25 возила во сопственост на голема компанија за производство на сладолед. При гаснењето на пожарот повредени се двајца пожарникари, но нивната состојба е стабилна.

Во областа Палеа Фокеа, 44 километри од главниот град, појужно од првиот пожар, евакуаирани се штитениците на дом за грижа за стари лица. Пред паѓањето на ноќта делумно се локализирани три пожара на северо-исток од областа Атика, којашто го опфаќа регионот на Атина.

На ширењето на пожарите му погодуваат силните ветрови. Со паѓањето на ноќта, властите го прекинаа дејствувањето на противпожарната авијација./крја/мф/сн

Δεν υπάρχουν σχόλια:

Δημοσίευση σχολίου